Таравари за починатиот пациент на Кардиохирургија: Ќе има одговорност доколку имало пропуст

од Nikola Popovski
211 прегледи

Аневризма на аорта е сериозна дијагноза. Сè уште не сум го прочитал извештајот, сега ќе одам до МЗ. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела, меѓутоа кога ќе го видам извештајот, ќе ви кажам точно, изјави министерот Арбен Таравари за починатиот пациент на Државна кардиохирургија.

Според него, сите сме потенцијални пациенти и за среќа во земјава имаме три клиники на кои што се работат вакви операции.

-Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ, одговорност секако ќе има доколку имало пропуст или грешка, одговори Таравари на прашањето, што ако денеска дојде таков пациент дали повторно ќе му се случи истото како на првиот пациент и каде да се оперира тој пациент.

Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија  – Скопје по издадена наредба од министерот за здравство во врска со третманот и лекувањето на сега веќе починатиот пациент од Скопје. Оттаму рекоа дека не констатирале пропусти во постапката.

59-годишниот Тони Ангеловски кој со пукната аорта чекаше операција на Клиниката за кардиохирургија не ја дочека здравствената помош бидејќи во моментот единствената сала на Клинички за едноскопска операција не работела, а пак во салата на Торакална хирургија немало стентграфтови.

Слични содржини