159
Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, говорејќи за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, пред новинарите изјави дека напредокот на држвата во Извештајот се оценува со оценка 2, што според него земјата „школската годината ја поминала за хатар“. Тој нагласи дека во извештајот корупцијата се споменува 67 пати.
– Најголемите неуспеси се во оние области за кои АА повеќепати предупредуваше: борбата против криминалот и корупцијата, реформите во јавната администрација… Оваа влада е главната пречка на патот кон интеграцијата во ЕУ. Ваквиот пристап на власта многу скапо ги чини граѓаните, кои единственото решение го гледаат во напуштање на државата, изјави Таравари.