Таравари: Земјава мора да има попис, нам ни треба математика со точни бројки

од Nikola Popovski
199 прегледи

„С. Македонија мора да има и добро е да има попис, бидејќи од 2002 немало друг попис, иако почнаа во 2011, но, не се разјаснети причините зошто се стопираше тој процес. Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот бидејќи имаме училишта, градинки, патишта и други работи кои планира да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно работење“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.

Тој навел дека пописот не е политика туку е математика и добро е да знаеме колку сме за да можеме да ги планираме работите.

„Нам ни треба математика со точни бројки. Ние побаравме заедно со законот да биде во парламент и методологијата да нема забуни дека некој игра некаква игра во оваа математичка операција. Многу ќе беше подобро да се донесе законот со апсолутен консензуз. Битно  е математичката операција да донесе точни бројки за да може да се планира здравството, образованието итн“, смета Таравари.

Слични содржини