Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вечерва истакна дека му паѓа тешко влегувањето на Алтернатива во Владата, потенцирајќи дека би било подобро да останат заедно.
-Жалам, баш имавме убава соработка со нив. Ако ме прашате дали ми е тешко што не сме веќе заедно, ќе кажам ДА, тешко ми е. И жал ми е што е така. Ќе беше подобро да бевме заедно, да имавме 12 пратеници и заедно да се бориме да ги симнеме ДУИ од Владата. Но тоа е одлука на Алтернатива, рече Таравари, посакувајќи им среќа за понатаму.
Во однос на директорските места во јавните претпријатија под капата на градот Скопје, Таравари смета дека сега треба да припаднат на неговата партија.
-Алтернатива се сега дел од Централната власт. Тие ќе раководат со сериозни ресори и директорски позиции. Што се однесува до директорските места на локално ниво во Скопје, сметам и мислам дека треба да припаднат на Алијанса за Албанците. Но, да почекаме уште малку. Се надевам дека ќе имаме преговори наредните денови и ќе решиме што понатаму, изјави Таравари во гостувањето на емисијата „Клик плус“.