Таргет груп Скопје и неговиот продукт BiznisMreza.mk обвинуваат дека во порталот faktor.mk објавен е текст, во кој текст се содржани невистинити факти штетни за компанијата.
-На ден 19.07.2021 година на интернет порталот faktor.mk објавен е текст со наслов „„Таргет груп” и „Бизнис мрежа” злоупотребуваат податоци од Централен регистар, добија кривична пријава!” во кој текст се содржани невистинити факти штетни за правното лице ТАРГЕТ ГРУП Скопје и неговиот продукт BiznisMreza.mk и со овој ДЕМАНТ ги ДЕМАНТИРАМЕ информациите дадени во текстот, велат од Таргет груп и додаваат дека ваквите информации се дадени од страна на Централниот регистар, кој како државна институција не смее да шпекулира со вакви информации, уште повеќе со обвинувања дека некој сторил наводно кривично дело.
Според нив, во текстот се тврди дека ТАРГЕТ ГРУП во неговиот продукт biznismreza.mk користи податоци кои што се добиени на незаконит начин, па следствено чувствуваме потреба на нашите ценети сегашни и идни клиенти им ја објасниме состојбата со трговските информации.
-Имено, до податоците на Централниот регистар можат да пристапат и да ги добијат сите физички и правни лица без да имаат никаков посебен интерес, бидејќи податоците во тие регистри се јавни согласно закон. Впрочем, за сите измени во трговските друштва, Централниот регистар е должен да ги објави на нивната веб страната, што значи дека се јавно достапни. Во однос на наводната незаконитост на работењето на ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, ви укажуваме на следното. Согласно чл.8 ст.1 од Законот за Централен регистар податоците кои се утврдени со овој закон и друг закон се внесуваат во Централниот регистар каде што електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и прават достапни до заинтересираните корисници., а додека согласно чл.14 од Законот за Централен регистар: Податоците од Централниот регистар можат да ги користат органите на државната управа, сите физички и правни лица, домашни и странски, освен ако за некои од нив поинаку не е определено со закон или со договор, стои во соопштението.
Од компанијата прашуваат како наводно ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје работи спротивно на закон кога секој има пристап до податоците и каде е наведено во законот дека овие информации не смеат да се обработуваат и препродаваат за трговски цели.
-Во Законот за Централен регистар не постои забрана за обработка на добиените податоци, бидејќи таквите податоци се јавни. Впрочем, единствени информации кои што не смеат да се прибавуваат и продаваат се информации со назнаки согласно законот за класифицирани информации. Посебноста на законот за Централен Регистар е да го олесни трансферот на информации помеѓу физичките и правните лица поради побезбедна деловна соработка помеѓу субјектите и идентификување на деловните партнери. Информациите од сите државни регистри, кои што се јавни книги, вклучително и информациите содржани во трговските и други регистри при Централниот регистар може да ги купува секое правно лице, од медиум до финансиско друштво и таквите информации да ги обработува со сопствен know-how и формат и на тој начин да го продава својот финален продукт. Впрочем ваквиот начин на работење и анализа на правни лица е дејност која што е прифатена во секоја модерна и демократска држава. Со оглед на се од горенаведеното, сметаме дека информациите во јавноста во поглед на незаконитоста на работењето на Таргет Груп ДОО Скопје и нивниот продукт biznismreza.mk имаат една и единствена цел, а тоа е да се наштети на честа и угледот на ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје, од нас непознати причини и за истите ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје ќе преземе соодветни правни механизми за заштита, вклучително и изворот на информации, како и они кои што ги шират истите, без претходно да направат верификација на фактите, велат од Таргет груп Скопје.