Карамелизирани јаболки со путер и цимет, како фил, за секого се десерт од соништата.
СОСТОЈКИ:
- 1 пакување листесто тесто
- 3 средно големи јаболки црвен делишес
- 2 лажички сок од лимон
- ¼ до ½ лажица цимет во прав
- ¼ чаша шеќер
- 30 г несолен путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболките излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во сад и измешајте ги со сокот од лимон и циметот. Во тава загрејте го шеќерот додека се карамелизира, веднаш тргнете го садот од оган и додајте го путерот. Измешајте па додајте ги јаболките. Ставете ја тавата во рерна на 180 степени околу 25 минути, за да оменкат јаболките, но сепак да останат крцкави. За тоа време расукајте го тестото во дебелина до 3 мм. Извадете го садот од рерна и проверете со вилушка дали се омекнати јаболките, па покријте ги со тестото. Со нож исечете го да биде во ширина со тавата. Вратете да се пече уште 40тина минути на 160 степени. Кога ќе биде печен тартот извадете го од рерна и оставете го еден час да се излади. Превртете го тартот и со лажица полејте од сокот кој остана во тавата. Послужете го така или со топка сладолед од ванила.