Претседателката на невладината организација Транспаренси интернејшнл Слаѓана Тасева во вечерашната дебата во емисијата Топ тема изјави дека висината на надоместоците кои ги добивале вработените во СЈО се против законски. Тасева смета дека ова ќе наиде на остри реакции на обвинителите од европските земји.
-За надоместоците на обвинителите, не сум видела волку високи додатоци на плата заради доверливсот на информации. Во Законот за СЈО не се предвидува како во Законот за антикорупција каде стои дека вработените можат да добиваат додаток до 35 отсто. Ако за СЈО важи законот за ЈО, тогаш треба да добивале до 35 отсто, тоа да е максимумот, а кој ќе добие дали 10, 20 или 35 отсто треба да стои во подзаконските акти.
Таа додава дека за доверливоста се дава заклетва во Собранието, и јасно е дека се обавува функција со посебен ризик.
-Обврска за доверливост има во секој договор за било какво вработување. Тоа е нормална работа дека има одредени правила на доверливост кога нешто се работи како истражната и предистражната постапка, но никаде нема вакви случаи и преседани и не знам како ќе реагираат обвинителите од Евро-џаст, каде членуваат јавните обвинители од европските држави. Не знам колку комотно ќе се чувствуваат нашите обвинтели кога ќе разговараат таму со нив, вели Тасева.