Тасева: Не можеме да бегаме од реалноста за корупцијата, само треба да разговараме и дејствуваме

254 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева посочи дека инситуциите треба целокупно да соработуваат по однос на подобрување на сликата за корупцијата во С.Македонија.

„Ние треба да ги проучиме индексите и да најдеме соодветно решение за надминување на проблемот со корупцијата. Не можеме да бегаме од реалноста, и ако сакаме да го подобриме негативниот тренд треба да разговараме, договориме и да дејствуваме. Состојбата на заробена држава и нефункционирањето на институциите, и од каде еден политички центар се контролира се, придонесува за ваквите резултати. Судството треба да е коректив на одлуките од извршните власти. Проблемот е довербата во судството, во кое граѓаните немаат доверба и тоа е очигледно. Овие истражувања преку кој се формира резултат за Индексот на перцепција на корупцијата, се истражувања од други организации, а не истражувања кои ги спровело Транпаренси. Во СЈО имаше редица случаи, за дел од нив се праве опструкции, што даде слика за Владеењето на правото во земјава“, истакна Тасева.

Слични содржини