Тасевска:Секој пензионер на својата сметка ќе добие дополнителни 1.000 денари

од Берта Китинска

Од утре започнува исплатата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери.Секој пензионер на својата сметка ќе добие дополнителни 1.000 денари како помош во справувањето со последиците од кризата, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Таа посочува дека овие 1.000 денари пензионерите можат да ги искористат за купување основни намирници или плаќање сметки, а оваа финансиска помош ќе трае во следните два месеца.

-Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено.За четири и пол години просечната пензија е зголемена за над 2.000 денари.Веќе од септември следува ново историско највисоко покачување на пензиите, благодарение на новата методологија за усогласување на пензиите, усвоена низ дијалог со здруженијата на пензионерите.Како одговорна партија преку Владата и институциите што ги раководиме, редовно и внимателно ги следиме движењата на светската економија и подготвени сме да преземеме дополнителни чекори за заштита на стандардот на граѓаните, вели Тасевска.

Слични содржини