ТАСС: Руската фрегата „Адмирал Горшков“ ќе учествува во вежби со Кина и ЈАР

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Најмодерната фрегата на руската морнарица „Адмирал Горшков“, која носи хиперсонични ракети Циркон, ќе ги надополнува резервите во сириското пристаниште Тартус и ќе учествува во заеднички вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица во Индискиот Океан, изјавил воено-дипломатски извор за ТАСС.

Агенцијата се уште официјално не ја потврди оваа информација.

Поморски вежби, на кои треба да учествуваат бродови од Русија, Кина и Јужноафриканската Република, ќе се одржат од 17 до 27 февруари.

Слични содржини