Педесетгодишен татко и неговите два малолетни сина на возраст од 13 и 15 години се удавија на плажата Виле-Боштово кај албанскиот град Каваје. Според албанските медиуми, 13-годишникот бил фатен од силни морски струи, а неговиот татко и 15-годишниот брат се обиделе да го спасат. Сите тројца се удавиле.
ABC јавува дека семејството е од Тирана. Телата моментално се во мртовечницата во Каваја и се очекува да бидат пренесени во мртовечницата во Драч за дополнително вештачење.
Тамошните медиуми пишуваат дека на овој простор нема крајбрежна стража.
„Во моментот на инцидентот имало многу луѓе кои се обиделе да дадат прва помош, но безуспешно. Во областа каде што се случил овој инцидент нема чувари на плажа, спасувачи и крајбрежни стражари. Од истражувањето направено од ABC на морската линија на Драч, забележавме недостиг од персонал, набљудувачи и крајбрежна стража, што значи дека сме оставени на милост и немилост“, изјавил новинар на ABC од местото на трагедијата.