Татко и син ја преземаат контролата врз најголемата винарија во Македонија

Со Одлука донесена на седница на Надзорниот одбор, официјално е констатиран престанокот на мандатот на досегашните членови на Управниот одбор на акционерското друштво „Винарска визба Тиквеш“ – експорт-импорт АД Кавадарци, со што е именуван нов состав на управното тело.

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Со Одлука донесена на седница на Надзорниот одбор, официјално е констатиран престанокот на мандатот на досегашните членови на Управниот одбор на акционерското друштво „Винарска визба Тиквеш“ – експорт-импорт АД Кавадарци, со што е именуван нов состав на управното тело.

На чело на Управниот одбор повторно е именуван Светозар Јаневски, кој останува Претседател на Управниот одбор, позиција која ја извршува со децениско искуство во винарската индустрија. Покрај него, како членови на Управниот одбор се назначени Искра Клинкарова, Драган Тилев и Коце Ивановски.

Овие промени се резултат на редовната процедура поврзана со истекот на мандатите, како што е наведено во официјалниот извештај доставен до Македонската берза, пишува Бизнис Инфо.

Слични содржини