3,9K
Вчера во 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека С.З. од тетовско село извршил семејно насилство и физички ја нападнал неговата 38 – годишна ќерка.
– Полициски службеници и социјални работници од Центарот за социјални работи ја затекнале жената со повреди, по што била пренесена во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.