Јозеф Фрицл, кој влезе во криминалните анали на Австрија откако беше откриено дека цели 24 години во подрум ја чувал сопствената ќерка, ја силувал, по што таа родила седум деца, наскоро би можел да биде префрлен во „обичен“ затвор.
Според судската одлука, Фрицл, кој сега има 87 години, треба да биде префрлен од психијатриски притвор во обичен затвор.
Одлуката на судот се уште не е конечна, бидејќи државното обвинителство се противи.
Фрицл, кој го смени презимето во Мајерхоф за време на неговото време во притвор, може да се надева дека ќе биде предвремено ослободен доколку биде префрлен во нормален затвор.
Фрицл беше осуден на доживотен затвор во 2009 година во институција за ментално растроени престапници.
Тој е осуден затоа што ја држел својата 24-годишна ќерка затворена во подрумот на семејната куќа, каде неколку пати ја силувал и ѝ направил седум деца, од кои три биле најдени во подрумот со нивната мајка.
Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia