Таткото на 23-годишниот возач кој прегази пешаци во Загреб: Добиваше казни за брзо возење

од Radmila Tasevska
695 прегледи

Таткото на 23-годишниот возач Јан Ерлих, кој синоќа удри во автомобил и луѓе на паркингот во трговскиот центар Супернова во Бузин, за Индекс кратко ја искоментирал несреќата. Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на ненајавен автомобилски собир.

Неговиот татко е Јанко Ерлих-Здворжак, претседател на Здружението за повреди на ‘рбетот Загреб. Ерлих-Здворжак е лице со посебни потреби.

„Мојот син добиваше казни за брзо возење, но вакво нешто никогаш не се случило“, коментира таткото на возачот. За порталот кажал дека неговиот син Јан моментално е во полиција. На прашањето каде неговиот 23-годишен син добил скап и силен мерцедес, бидејќи е студент, Ерлих-Здворжак вели дека дел платил тој, а дел неговиот син.

„Купува и продава автомобили за да заштеди пари. Учи, но ова го прави на страна“, им рече таткото на возачот.

„Се надевам дека ваквиот шок што го предизвика нема да влијае премногу на пресудата бидејќи навистина ми е потребен и ми помага во секојдневните активности“, додава тој.

Загрепската полиција започна кривична истрага против 23-годишен маж кој влета во тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица, по ударот со неговиот „мерцедес“ на паркингот во трговскиот центар Супернова на неофицијален собир за автомобили.

Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж управувал „мерцедес“ со загрепски регистерски таблички и поради несоодветна брзина налетал на тројца пешаци и еден автомобил, кои потоа се судриле со друг автомобил.

Слични содржини