Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, изразил огорченост од третманот со кој се соочува тенисерот во Австралија, бидејќи по слетувањето на авионот не му било дозволено да ја помине граничната контрола.
Граничната полиција не му дозволи на Новак да ја помине контролата со образложение дека нема соодветна виза која овозможува „работа“ на странски државјани во Австралија со медицинско ослободување од задолжителната вакцинација против коронавирусот.
Новак бил сместен во соба која ја чувала полиција, а агонијата на аеродромот траела со часови, што Срѓан ја потврдил за српските медиуми.
„Немам поим што се случува, син ми го држат во заробеништво пет часа“, изјавил Срѓан.
Тој изјавил дека треба сите да се алармираат за да биде ослободен неговиот син.
„Ова е борба за либералниот свет, ова не е само борба за Новак, туку борба за целиот свет! Целиот свет треба да се помрдне, да се побуни против овие мерки! Ако не го пуштат за половина час, ќе се собереме на улица, ова е борба за сите!“, изјавил Срѓан Ѓоковиќ.