Таткото на Линдзи Лохан прозборе за нејзината врска со саудискиот принц

од desk4

Веќе некое време во медиумите се пишува за блискиот однос на американската актерка, некогашна голема тинејџерска ѕвезда, Линдзи Лохан и саудискиот принц Мухамед бин Салман. Црвенокосата дама на таквите написи не реагираше, ниту имаше намера да ги правда своите приватни забави и чести патувања на Блискиот Исток.


Но затоа сега на оваа тема прозборе нејзиниот татко Мајкл Лохан, кој изјави:
– Тие се само пријатели. Линдзи има многу моќни пријатели на Блискиот Исток бидејќи таму е многу позната и барана. Многу работи и помага во кризата со бегалиците од Сирија, како и други луѓе кои имаат потреба од помош. – вели тој и додава дека меѓу ќерка му и принцот односот е платонски и полн со почит, така што тој воопшто не се плаши кога Линдзи е во посета на таа конзервативна земја.
Мајкл Лохан се осврна и на немилиот настан со исчезнувањето и убиството на новинарот од Вашингтон пост, Јамал Кашоги, со кого го поврзуваа токму саудискиот принц.
– Ништо од тоа не е докажано, Линдзи тврди дека принцот е добар човек. Вели дека се чувствува сигурно и опкружена е со преркасни луѓе. Покрај тоа, таа знае да се избори за себе – заклучува Лохан.

Слични содржини