Таткото на Меган Маркл е во врска со 35 години помлада медицинска сестра, која се грижи за него по ампутација на ногата

од Весна Трајкова
66 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Оттуѓениот татко на Меган Маркл повторно ја пронајде љубовта со филипинска медицинска сестра која е 35 години помлада од него. Пензионираниот холивудски режисер за осветлување Томас Маркл (81), вели дека се чувствува „благословенo и неизмерно среќно“ што повторно ја пронашол радоста по години страдање, бидејќи тврди дека неговата ќерка го отфрлила по нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година, пишува „Дејли мејл“.

– Никогаш не очекував повторно да најдам радост и среќа во овие години. Се чувствував запоставен и тажен толку многу години, но сега повторно уживам во животот. По толку многу тешки моменти, се чувствувам навистина благословено што пронајдов некој многу посебен кој живее за мене со толку многу грижа – рекол тој.

Томас Маркл, кој се развел од мајката на Меган, Дорија Рагланд, кога Меган имала само пет години, ја запознал новата љубов Рио Канедо (46) додека се опоравувал од операцијата опасна по живот, ампутацијата на левата нога под коленото во декември минатата година.

Рио, мајка на две возрасни деца, немала поим кој е Томас Маркл кога првпат го запознала на средината на декември лани, откако тој бил примен во болница за рехабилитација во Себу, каде што таа работи.

Томас Маркл и неговиот син Томас Помладиот (59) се преселиле таму во јануари 2025 година.

Томас, кој никогаш не го запозна зетот, принц Хари, ниту внуците Арчи (6) и Лилибет (4), за малку ќе умрел кога лекарите морале да му ја ампутираат левата нога поради голем згрутчување на крв што го блокирал протокот на крв во стапалото. Тој поминал четири дена на интензивна нега, потоа недели во болница, а потоа бил префрлен во специјализирана единица за рехабилитација во друг медицински центар.

Оваа недела тој го повикал „Мејл он сандеј“, таблоидотот со кој принцот Хари води судска битка, да помине време со него и со неговата нова љубов и рекол дека очекува напади од „одредот на Сасекс“, алудирајќи на својата ќерка и на Хари, но додал:

– Знам дека некои луѓе ќе кажат грди работи, но не ми е грижа. Сакам да зборувам за ова затоа што никогаш не помислив дека повторно ќе бидам среќен. Сакам луѓето да знаат дека никогаш не си премногу стар за да најдеш мир и љубов. Во светот се случуваат многу негативни работи и ако мојата приказна може да му даде барем малку надеж на една личност, тогаш сум среќен. Мразачите ќе мразат, но искрено не ми е грижа. Животот е за живеење. Ништо не е поважно во животот од љубовта.

Томас Маркл и 44-годишната Меган, која е само две години помлада од неговата нова парнерка, ги прекинаа врските откако доживеа два срцеви удари пред нејзината свадба во мај 2018 година и не можеше да ја одведе до олтарот. Меган влезе сама во капелата „Свети Ѓорѓи“ и беше придружувана делумно до олтарот од кралот Чарлс (тогашен принц од Велс), додека нејзината мајка Дорија беше единствениот член на нејзиното семејство на кралската венчавка.