Таткото на Нејмар му помогнал на Дани Алвеш да избегне построга казна

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Нејмар покажа дека никогаш не ги напушта пријателите во неволја. Во Бразил беше откриено дека токму таткото на ѕвездата на Ал Хилал му помогнал на Дани Алвеш да избегне построга казна во случајот за силување.

Претходно стана јасно дека поранешниот дефанзивец ќе помине 4,5 години во затвор и ќе плати 150.000 евра отштета на жртвата за морална штета и повреди. Покрај тоа, тој мора да ги надомести и сите судски трошоци. На Алвеш му е забрането и да и се приближува на жртвата во следните 9,5 години.

Според UOL, семејството на Нејмар му помогнало на Алвеш да ја плати отштетата, со што обвинетиот се ослободи од максималната казна од 12 години.

Исто така, стана јасно дека од јуни минатата година, интересите на Алвеш во судот ги застапува Густаво Ксисто, кој е еден од долгогодишните правни застапници на фирмите на таткото на Нејмар.

Слични содржини