Таткото на Никола Пелц подготвува тужба по венчавката на неговата ќерка со Бекам

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Таткото на Никола Пелц, милијардерот Нелсон Пелц, го тужи нејзиниот планер за венчавки за наводно неисполнување на списокот со очекувања и барања за ВИП личности кои присуствувале на церемонијата во Палм Бич.

Помина речиси една година откако Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа на раскошна церемонија во Палм Бич минатиот април, но драмата околу венчавката продолжува.

Таткото на Никола, Нелсон Пелц, тужи еден од тројцата планери за венчавки за коj тврди дека не бил дораснат на листата со високи очекувања на неговата ќерка.

Новите документи покажуваат дека Пелц и Бекам ангажирале тројца различни планери за свадби, а еден од нив е тужен од Нелсон Пелц затоа што наводно одбил да му го врати депозитот од 159.000 долари.

Според тужбата, Пелц ги тужи Никол Брегин и Аријана Гријалба од Plan Design Events со седиште во Мајами, кои тој и неговата сопруга, наводно, ги ангажирале шест недели пред нивната венчавка. Двојката го ангажираше дуото откако го отпушти нивниот прв планер. Семејството Пелц на крајот се обратило до Мишел Раго за да ја организира венчавката, но таткото, наводно, морал да плати „значително повисока накнада отколку што би наплатила Rago Destinations“ поради временската линија во последен момент.

Во тужбата, Пелц тврдел дека Брагин и Гријалба не можеле да се справат со очекувањата на ВИП листата на гости, на која имало „повеќе од петстотини луѓе, вклучувајќи бројни познати личности, спортисти и други влијателни личности, кои дошле од целиот свет“.

Слични содржини