964
Иако Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), утринава одби да одговара на прашања на новинарите, сепак кога излезе да оди на нива проговори кратко.
– Добро се чувствувам јас. Добро. Ќе бидам уште подобар, мислам, барем така се надевам. Кога слушнав за тоа не можев да поверувам – рече за Телеграф.рс и ја спушти главата.
Беше прашан како се однесувал во моментот кога било објавено дека девојчето го нема.
– Одлично. Ништо не забележав. Ништо за волја на Бога. Се однесуваше како се да е најнормално – заврши таткото.
За потсетување, работниците на ЈКП „Водовод“ во Бор, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиството на малата Данка Илиќ(2)