597
Таткото на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Слободан Величковиќ, бил примен во Ургентниот центар во Белград пред две недели поради здравствени проблеми, потврдено е за „Нова.рс“.
Се пожалил на силни болки во стомакот, поради што итно бил пренесен во болница.
По интервенцијата, Величковиќ бил сместен на одделение за интензивна нега на лекување, каде успешно се опоравува.
Цеца и нејзината сестра Лидија се грижат максимално за него, а цело време се во контакт со докторите за точни информации, наведува порталот.