Во нашето училиште големо значење им се придава и на социјалните активности како студентски клубови, домашни и меѓународни патувања, разговори за кариера, одбележување на значајни денови на Обединетите нации, родителско-ученички настани, вели Суреа Таук, директор за односи со јавноста во ПСУ „Јахја Кемал“ во интервју за „МКД.мк“.
Истакнува дека најголемиот извор на гордост за нив како училиште е едуцирањето на поединци што стануваат светски граѓани преку обезбедување мултинационална и мултиетничка меѓународна образовна средина.
-Можеби единствено училиште во Република Македонија во кое ученици од различни нации, како Македонци, Турци, Албанци и ученици од 11 различни националности учат во исти училници, каде што секој има еднакво право на квалитетно образование, посочува меѓу другото Таук.