Карго аеродором во Штип нема да се гради, а земјиштето кое пред 10 години беше трансформирано во градежно, сега веројатно повторно ќе биде земјоделско. ТАВ ќе треба да и исплати отштета на државата.

– Оштетата веројатно ќе биде околу 45 милиони евра, а што се однесува до земјиштето во постојана координација сме со министерот за транспорт и врски. Намената на тоа земјиште беше друга, истото е експропреирано, но нашата интенција е целокупното земјоделско земјиште да го ставиме во функција – кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Ваквата одлука доаѓа откако мерењата на силината и брзината на ветрот покажале дека локацијата на која требаше да се гради каргото, не е поволна за изградба на аеродром.
Изградбата на карго – аеродромот според најавите од пред неколку години требаше да чини 60 милиони евра. Во меѓувреме, од земјоделците беа одземени најплодните ниви во Овлеполието, а дел од сопствениците за нив добија огромни суми во евра на име експропријација на земјиште.
Сега овие пари ТАВ ќе треба да и ги врати на државата, но прашање е дали во сумата за отштета ќе се пресметаат и штетите кои произлегоа од олгогодишното необаботување на нивите.
Станува збор за околу 500 хектари земјиште меѓу Ерџелија и Мустафино кои од 2009 година стои необработено.