Во врска со вестa во која се споменуваа ТАВ во текст за ЈСП, од компанијата реагираат дека ТАВ Македонија нема планови или намери да влегува во бизниси различни од аеродромското работење.
„Како компанија која котира на берза, ние сме транспарентни при секоја комуникација за стратегијата и идните планови. Оттука, бараме коректно медиумско известување без ширење на неосновани гласини кои можат да му наштетат на угледот и репутацијата на нашата компанија“, истакнаа од ТАВ.