Сертификатот “Одлично место за работа” е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата “Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.
Сертификатот Great Place to Work® се доделува врз основа на обемен процес на евалуација кој вклучува темелна анализа на политиките, практиките на работното место и анонимни повратни информации од самите вработени.
Ова признание е уште еден доказ дека ТАВ Македонија е компанија која е посветена на постојано обезбедување позитивна, поддржувачка и исполнета работна средина за секој вработен.
„Многу сум горд што ТАВ Македонија го доби сертификатотGreat Place To Work®. Оваа награда е потврда дека ТАВ Македонија не е само работно место, туку заедница изградена на доверба, почит и постојана грижа за нашите вработени. Ние веруваме дека зад секој успешен бизнис стојат луѓето. Признанието е за вас. Им благодариме на нашите клиенти, партнери и заедницата за нивната поддршка и доверба.Продолжуваме со уште поголема мотивација да бидеме пример за модерна, одговорна и инспиративна работна средина, создаваме место каде што луѓето сакаат да работат – и сакаат да останат“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.
Пред една година, во април 2024 година, ТАВ Македонија ја доби наградата од Vrabotuvanje.com – „Најпосакуван работодавач во 2023 година“ во категоријата Транспорт и логистика, врз основа на интересот на потенцијалните вработени на отворените работни позиции во компанијата, како и врз основа на анкети пополнети од граѓани по случаен избор кои гласале на веб-страницата на Vrabotuvanje.com.