ТАВ Македонија: Неколку авиони се пренасочени од скопскиот аеродром кон аеродроми во соседни држави поради маглата

од Milan1
91 прегледи

Од ТАВ Македонија попладнево информираат дека неколку авиони се пренасочени од скопскиот аеродром кон аеродроми во соседни држави поради густата магла која го обви Скопје.

Како што велат, летовите до/од Виена (пристигнување и заминување), Варшава (пристигнување и заминување), Љубљана (заминување), Базел (заминување) и Истанбул (утринскиот лет) се откажани, додека пак летовите во пристигнување од Базел, Хамбург, Брисел и Дортмунд се пренасочени кон Софија, Солун, Ниш и Тирана, соодветно.

„По 14 часот, на скопскиот аеродром слетаа 3-те лета од Истанбул, на Туркиш Ерлајнс (Turkish Airlines) (дополнителен лет), Aџет (AJet) и Пегасус Ерлајнс (Pegasus Airliens), како и летот на Ер Србија од Белград“, велат од таму.

Слични содржини