Од Велика Британија доаѓа вест дека на една од најпопуларните емисии за автомобили – Top Gear – и дојде крајот.
Оваа одлука дојде откако водителот Ендрју „Фреди“ Флинтоф доживеа несреќа за време на снимањето на една од епизодите, јавува Би-Би-Си.
„Поради вонредни околности, Би-Би-Си одлучи да го „одложи шоуто“. Остануваме лојални на водителите кои се во центарот на ренесансата на шоуто од 2019 година и со нетрпение очекуваме нови проекти“, велат од продукцијата.
Оттаму споделија дека ќе објават повеќе детали во блиска иднина, но исто така нагласија дека сите други активности на Top Gear ќе останат непроменети, „вклучувајќи меѓународни формати, дигитални, списанија и лиценци“.
Флинтоф неодамна доби финансиска отштета од Би-Би-Си за несреќа во која има скршени ребра и повреди на лицето. Како што пренесува англискиот весник „The Sun“, тој добил девет милиони фунти обештетување.