Тажни вести во семејството на Бритни Спирс: „Ова е ужасен момент за секој родител“

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Бритни Спирс објави дека го изгубила бебето, еден месец откако со јавноста ја сподели веста дека е бремена.

Пејачката сподели со своите следбеници на Инстаграм дека таа и нејзиниот партнер фитнес тренер Сем Ашгари „изгубиле чудо од бебе“.

Веста доаѓа неколку месеци откако Спирс беше ослободена од законски притвор со кој нејзиниот татко контролираше многу аспекти од нејзиниот живот, како што е репродуктивното здравје.

Спирс (40), која има два сина тинејџери од претходниот брак, рече дека сака да основа семејство со Ашгари.

„Со голема тага објавуваме дека го загубивме чудото од дете во раните фази на бременоста“, напиша Спирс.

„Ова е ужасен момент за секој родител“, додаде таа.

„Можеби требаше да почекаме да ја објавиме бременоста, но бевме многу возбудени и сакавме да ја споделиме добрата вест. Нашата љубов е нашата сила. Ќе продолжиме да се трудиме да го прошириме нашето прекрасно семејство“, истакна таа.

Слични содржини