154
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека три кинески воени бродови и 25 воени авиони утринава се движеле во близина на островот, а Тајван одговорил според стандардните безбедносни процедури и избегнал ескалација.
Во соопштението се прецизира дека 19 кинески борбени авиони од типот Ченгду Ј-10 влегле во југозападниот дел на тајванската воздушна безбедносна зона (АДИЗ), но не прелетале над Тајванскиот теснец, пренесува АП.
АДИЗ е поширок термин од воздушниот простор и се однесува на пошироката област која Тајван ја надгледува поради својата безбедност.