TCL презентираше двa евтини таблети Alcatel

од Vladimir Zorba
400 прегледи

На мобилниот конгрес во Барселона беа презентирани и два евтини таблети на Alcatel. Тие ги носат имињата Alcatel 1T 7 и Alcatel 1T 10 и ќе се продаваат за 70, односно 100 евра. И двата уреди се насочени кон помладата публика и соодветно имаат посебен режим Kids Mode, како и претходно инсталирани игри и апликации за деца, меѓу кои специјална детска камера и апликација за цртање.

Alcatel 1T 7 нуди 7-инчен IPS дисплеј со резолуција 1024×600 и батерија со капацитет 2580 mAh, која треба да обезбеди 7 часа работа.

Поголемиот негов брат е опремен со 10,1-инчен панел со резолуција 1280×800 пиксели, а капацитетот на батеријата е 4000 mAh, што според TCL обезбедува 8 часа работа.

Сите други компоненти се идентични на двата уреди. Ова вклучува 4-јадрен процесор MediaTek MT8321 на 1,3 Ghz, 1 GB RAM меморија и 8 (1T 7) или 16 GB (1T 10) меморија за апликации.

Таблетите имаат и слот за microSD картичка. Продажбата на Alcatel 1T 7 и Alcatel 1T 10 ќе започне во вториот квартал.

Слични содржини