Тејтум: Ќе и кажам на ќерка ми дека бев стриптизер, нема да ја лажам

од Vladimir Zorba
192 прегледи

АКТЕРОТ Ченинг Тејтум не планира да ја лаже својата ќерка за неговото бурно минато. Во последното интервју Тејтум изјави дека ќе и дозволи на својата деветгодишна ќерка да го гледа неговиот филм Magic Mike и дека ќе и објасни како кога бил млад морал да работи и како стриптизер за да живее.

„Нема шанси да ја лажам. Нема шанси да не и кажам на ќерка ми дека бев стриптизер“, изјави Тејтум за Entertainment Tonight.

Тејтум работел како стриптизер кога го напуштил факултетот на 18-годишна возраст. Работел под името Чан Крафорд во локален стриптиз бар во Западна Вирџинија.

„Заработував околу 150 долари од ноќ како стриптизер, ако посетеноста беше добра, ако не беше, ќе заработев околу 70 или дури 50 долари. Тоа не е многу профитабилен бизнис како што мислите“, изјави тој претходно за Холивуд Репортер.

Сепак, неговото искуство со работа во стриптиз бар му помогна со неговите улоги во Magic Mike, Magic Mike XXL и Magic Mike’s Last Dance.

Слични содржини