182
Контроверзниот кик-боксер Ендрју Тејт ќе остане во притвор откако судот во Романија одби да го пушти да се брани од слобода.
Тејт, неговиот брат Тристан, како и две жени беа приведени на 29-ти декември 2022 година, под обвинение за вмешаност во трговија со луѓе и силување.
Поранешниот борец, кој во последните години го привлекува вниманието со бројни контроверзии и се здоби со статус на инфлуенсер, се појави пред судот во Букурешт во обид да се брани од слобода, но судот му ја одби жалбата, па ќе го чека продолжението на процесот во затвор.
Тејт е осомничен, меѓу другото, за сексуален напад на шест жени.
Фото: Getty Images