🎥 Теа Таировиќ преживеа напад со јајце на сцена, сопругот ја смири разгорената публика

од Марта Пешевска
70 прегледи

Српската пејачка Теа Таировиќ доживеа непријатен инцидент на својот настап во Нови Пазар. Додека пееше пред околу 50.000 луѓе, еден човек од публиката фрли јајце кон неа. Причината, како што се зборува, била нејзиниот начин на облекување.

Сепак, ова не ја запре Теа. Таа продолжи да пее како ништо да не се случило и го одржа својот настап до крај. Нејзиниот сопруг беше покрај неа и веднаш реагираше, обидувајќи се да ги смири тензиите меѓу публиката.

„Секогаш има луѓе кои се лути, огорчени или со лоши намери и сакаат да уништат нешто убаво. Лицето што фрли јајце кон мене мислеше дека ќе ме повреди или омаловажи, но згреши. Не успеа и заслужува да биде казнето“, изјави Теа за Курир.

@tairovic.tea #teatairovic #TEA ♬ original sound – 𝙏𝙀𝘼 𝙏𝘼𝙄𝙍𝙊𝙑𝙄𝘾 ®

Настапот беше дел од прославата за пласманот на фудбалскиот клуб од Нови Пазар во европските квалификации, и покрај инцидентот, атмосферата остана позитивна.

Да ве потсетиме, неодамна Теа одржа и голем концерт во Загрепската арена. На задоволство на публиката, нејзина гостинка беше познатата пејачка Индира Левак. Заедно ја изведоа песната „Пламен од љубави“, а потоа Индира ги отпеа песните „Za tvoje snene oči“ и „Oduzimaš mi dah“.

На крајот од концертот, Теа им се обрати на присутните со емотивни зборови:
„Ми недостига една ноќ со тебе, но се надевам дека ќе ја повториме во иднина. Ова беше најубавата ноќ во мојот живот. Се надевам дека нема да ме заборавиш. Твојата Теа Таировиќ те сака и те бакнува.“