Течно тесто за пица

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Тесто кое се подготвува за само пет минути.

Состојки:

– 250 гр брашно

– 250 мл вода на собна температура

– 8 гр инстант сув пекарски квасец

– 1 лажица маслиново масло

– 1 лажичка шеќер

– 1 лажичка сол

– сос од домати

– рендан кашкавал по желба

– оригано и свеж босилек

– масло за подмачкување на калапот

Подготовка:

Истурете ја водата и маслиновото масло во голем сад.

Додадете сол, шеќер, брашно и инстант квасец и сè убаво измешајте со лажица за да добиете еднолична смеса. Тестото треба да има леплива, мека и малку течна текстура.

Тестото префрлете го во калап за печење кој претходно добро сте го подмачкале и сте го посипале со брашно.

Над тестото додадете сос од домати и босилек.

Тестото се пече во загреана рерна околу 15 до 20 минути на 220 степени.

Извадете го тестото од рерна, додадете рендан кашкавал и други додатоци по желба и вратете го во рерна уште 10 до 15 минути.

Послужете ја пицата топла.

Слични содржини