Технологијата во автомобилот – трн во окото на возачот

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Многу од новите сопственици на автомобили не обрнуваат внимание на хај-тек уредите во нив, бидејќи тие ги збунуваат, покажа американско истражување, цитирано од весникот “Дејли мејл”.0000274993-article2

Истражувањето, направено од страна на компанијата “Џеј Ди Пауер”, го покренува прашањето дали авомобилските производители не се пред времето со високите технологии кои ги нудат. Тие додаваат секакви автоматски системи во автомобилите за сè – од заклучувањето со интернет врска до паркирањето. Возачите сепак немаат потреба од многу од нив.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 20 проценти од купувачите на нов автомобил не користеле половина од технолошките уреди во него.

По три месеци – период за кој се смета дека тие треба да мораат да проучат сè.

Во оваа категорија спаѓаат можностите за резервација на билети и хотели, информациите за ресторани и бензински пумпи долж патот, рутери, кои обезбедуваат безжичен интернет. Над 40 проценти од испитаниците не ги користат. Системот за автоматско паркирање е превиден од 35%.

Тоа значи дека луѓето плаќаат повеќе за непотребни технологии.

Многу возачи, особено од генерацијата на 21 до 38-годишниците, се потпираат повеќе на смартфоните, отколку на автомобилот за своите омилени апликации или барање услуги.

Технологиите кои им се допаѓаат најмногу на сопствениците на нов автомобил, се предупредувачкиот систем за слепата зона, помошникот за паркирање, системите за избегнување на удар.

Истражувањето опфатило 4.200 сопственици на нови автомобили од април до јуни.