Технолошки бастун препознава лица

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Едноставниот бел бастун помага на слепи луѓе да се ориентираат од времето на Втората светска војна. Сега оваа стара технологија е обновена, пишува Popular Science. Студенти од Бирмингамскиот универзитет имаат развиено бастун со вграден софтвер за препознавање на лицето. Тој им овозможува на слепите да препознаат пријател или член на семејството од далечина на десет метри. 108163269

Во стапот XploR има SD картичка, наполнета со слики на луѓе кои сопственикот ги познава. Камерата ги скенира лицата кои се појавуваат во оптичкиот нејзин опсег и ги споредува со базата на податоци од фотографии во SD картичката. Кога ќе ја открие усогласеноста бастунот почнува да вибрира и се поврзува преку Bluetooth со звучен уред прикачен на увото. Уредот дава  упатства за правецот со помош на вграден GPS.

Бастунот уште не е достапен за широка употреба, бидејќи креаторите имаат намера да одржат дополнителни тестови и да се оптимизира функционирањето, за да се стори тој полесен, но и полесен за користење. Ова не е прв обид за модернизација на белиот бастун.Неодамна научниците од Арканзаскиот универзитет развија бастун кој дава насоки при заобиколување на пречките преку звучни инструкции пренесени преку Bluetooth.