Технолошките гиганти ги здружија силите против тероризмот

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Технолошките гиганти “Мајкрософт”, “Твитер”, “Ју Туб” и “Гугл” најавија дека создаваат “Глобален интернет форум за борба со тероризмот” со намера да го совладаат онлајн ширењето на екстремистички содржини преку заеднички високо-технолошки решенија. За таа цел тие ќе споделуваat технологии, студии и знаење меѓу себе. “Веруваме дека работејќи заедно, ги разменуваме најдобрите технолошки и оперативни сегменти од индивидуалните напори, ние ќе можеме да најдеме поголемо влијание врз заканата од (дистрибуција) на терористички содржини на интернет”, гласи заедничката изјава на четирите компании што беше објавенa  “Твитер”.

Корпорациите истакнаа уште дека создавањето на форумот се базира на спроведените во Европа дискусии, како и на заклучоците од неодамнешните средби на Г-7 и Европскиот совет.