Тејлор Свифт богато ги награди членовите на својот тим

од Nikola Popovski
319 прегледи

Пејачката Тејлор Свифт издвои голема сума пари за да ги награди членовите на својот тим. Таа ги почестила сите кои работеа со неа на турнејата „Ерас“, која беше прогласена за најпродавана турнеја на сите времиња.

Како што наведува „People“, пејачката поделила вкупно 197 милиони долари на персоналот задолжен за кетеринг, возачите на камиони, персоналот за продажба на сувенири, фризери, стилисти, терапевти, асистенти, танчери, техничари за звук и светлина, музичари, обезбедување, видео тим и експерти за огномет.

Минатата година, Тејлор, исто така, одвои 55 милиони долари во бонуси за нејзиниот тим на крајот од првиот дел од нејзината северноамериканска турнеја.

За потсетување, турнејата „Ерас“ на Свифт започна во Аризона во март 2023 година, а заврши во Ванкувер на 8 декември оваа година. Таа имаше 149 концерти, а турнејата ја посетија повеќе од 10 милиони луѓе.

Според споменатиот медиум, вкупниот приход од продажба на билети достигна 2,08 милијарди долари, што ја прави најпродаваната турнеја досега, со двојно повеќе приходи од која било друга турнеја.

Слични содржини