Тејлор Свифт доби почесна награда „Уметник на деценијата“

од Elena Daskalova
320 прегледи

Американската поп ѕвезда Тејлор Свифт до сега има освоено мнногу награди, а уште една е на пат. Имено таа ќе ја добие наградата „Уметник на деценијата“ на Американските музички награди (АМА) 2019 година, објавија продуцентите од „Дик Кларк“ продукцијата.

Инаку Тејлор веќе има пет номинации за таа вечер, а ќе има и настап со неколку свои нумери.
Свифт заслужено ја освојува наградата ако се земе во предвид дека само минатата година, ја надмина Витни Хјустон во освојувањето на награди од било кој женски артист. А годинава ќе се обиде да го надмине Мајкл Џексон кој има 24 победи, исто колку нејзе.

Свифт годинава е номинирана за најдобро видео за песната „You Need to Calm Down“, како и za уметник на годината, омилен поп / рок албум за „Lover“, омилен поп / рок женски уметник и омилен возрасен современ уметник.

Што се однесува до останатите уметници номинирани во АМА, Пост Малоне има седум номинации, додека Аријана Гранде и Били Ајлиш имаат шест номинации. Лил Нас Х, исто така, има пет номинации. Свифт ќе се натпреварува со сите нив во различни категории.

Слични содржини