Од танчерите на турнеја до техничарите за звук и камионџиите кои ја превезуваа опремата, суперѕвездата Тејлор Свифт се погрижи секој работник вработен кај неа да добие бонус – и тоа голем бонус.
Турнејата The Eras на Тејлор Свифт стана една од најголемите шоуа во живо во годината, пофалена за нејзините историски изведби, прекрасни сетови, блескави костими, најсовремени светлосни ефекти и многу повеќе. Способноста да се прикаже шоу од таа големина, ноќ по ноќ, бара феноменален тим да го изведе тоа – и суперѕвездата ја изрази својата благодарност.
Свифт неодамна дала бонуси во вкупна вредност од над 55 милиони долари на секој кој работи на нејзината турнеја, наведе магазинот The People.
Ова ги вклучува сите, од танчери до техничари за звук, од угостители до возачи и многу повеќе. Уметницата, наводно, дала бонус од 100.000 долари на околу 50 нејзини возачи на камиони.
Распродадените концерти на кантавторката привлекуваат повеќе од 70.000 обожаватели секоја вечер. Свифт првпат ја најави турнејата минатиот октомври, откако ги освои сите топ десет места на Billboard Hot 100 со нејзиниот албум, Midnights. Турнејата започна на 17 март во Глендејл, Аризона и ќе трае до 9 август, каде пејачката ќе ја заврши својата американска турнеја на стадионот SoFi во Лос Анџелес.