Пејачката Тејлор Свифт беше обвинета дека копирала рекламен клип на брендот Kenzo во новото видео за песната “Delicate” што излезе во неделата, објави ББС.
Нејзините фанови брзо ја најдоа сличноста помеѓу дветевидеа. Тие посочија многу слични моменти со рекламата на парфемот во режија на американскиот продуцент и актер Спајк Џонс, која беше претставена минатата година. Жената видно се досадува на официјален настан во луксузен хотел.
Таа ја напушта собата и почнува да танцува низ хотелот. Во видеозаписот на Тејлор Свифт исто така е на сличен настан во хотел. Кога никој не ја гледа, таа бега и почнува да танцува во зградата.
Будните фанови забележаа дека учесничките во двата клипа – жената од рекламата и Тејлор се облечени со зелени фустани и стилот во кој танцуваат, е идентичен.
Песната “Деликатна” е вклучена во шестиот студиски албум “Репутација” на 28-годишниот пејачka.