Пејачката Тејлор Свифт го прослави својот 26-ти роденден и ги израдува своите обожаватели со веста дека “Епл мјузик” (“Apple Music”) ќе го објави во својата стриминг услуга филмот од последната нејзина турнеја “1989”.
Договорот доаѓа само неколку месеци откако пејачката ги бојкотираше “Епл” и “Спотифај” (“Spotify”) и им забрани да го пуштаат нејзиниот последен албум.
“Ви благодарам за сите желби за мојот роденден. Имам изненадување за вас. Турнејата “1989” може да се види со услугата “Apple music”, им напиша ѕвездата на своите 67 милиони следбеници на Твитер. Снимката ќе излезе официјално на 20 декември, објави пејачката и објави и трејлер на видеото.
Филмот ќе ги покажува нејзините концерти на 28 ноември во Сиднеј, како и многу кадри зад сцената во текот на овој и други концерти од турнејата. Ќе можете да видите и настапи на ѕвездите-гости: Мик Џегер, Џастин Тимберлејк и Селена Гомез.
Од турнејата Свифт заработи 240 милиони долари од продажба на билети, соопшти “Њујорк тајмс”. Ѕвездата ги обиколи САД и Европа, а имаше концерти и во Кина, Јапонија, Австралија и Сингапур.