Тејлор Свифт заработува 13 милиони долари од само еден концерт: Од целата турнеја можеби ќе влезе во историјата

од Nikola Popovski
203 прегледи

Американската пејачка Тејлор Свифт заработува огромни суми од продажбата на билети за своите концерти.

Тејлор моментално е на шестата турнеја, а досега има огромен успех, при што многу концерти се распродадоа за неколку минути.

Додека пејачката го завршува првиот дел од оваа турнеја, која беше на територијата на Америка, таа стана првата што достигнала милијарда долари приход од продажба на билети, како што пишува „Economic Times“.

Бидејќи турнејата не е завршена, многумина предвидуваат дека нејзината заработка ќе достигне 1,5 милијарди долари.

Тоа не е чудно, ако се земе предвид дека еден билет во просек чини 245 долари, со што за една вечер заработува неверојатни 13 милиони.

Успехот на турнејата е толку голем што дури се шпекулира дека нејзината турнеја ќе ја засени прошталната турнеја на Елтон Џон во однос на бруто приходите од билети и спонзорства.