Џејсон Тејтум во шестата сезона во НБА лигата го стави на рака шампионскиот прстен, со што по 16 години му ја врати титулата на Бостон. Одличниот кошаркар помина низ 107 плејоф натпревари со соиграчот Џејлен Браун (МВП на финалето) додека не му се оствари сонот, а во следните неколку дена, според ESPN, треба да стане најплатениот кошаркар.
Тејтум треба да потпише нов петгодишен договор вреден 315 милиони долари, што е за 11 милиони повеќе од договорот на соиграчот Браун, потпишан минатата година. Петкратниот Ол-стар има уште две години од договорот. Тој требаше да стане слободен агент во 2025 година ако се откаже од последната година од неговиот договор вреден 37 милиони долари.
Иако Браун беше МВП на финалето, лесно можеше тој индивидуален трофеј да му припадне и на Тејтум, бидејќи во плејофот имаше просек од 25,2 поени, 10,1 скока и 6,2 асистенции, а со оглед на тоа дека има само 26 години, Бостон знае многу добро зошто му ставаат 63 милиони долари годишно на маса.
Селтикси во наредните сезони ќе издвојуваат над 110 милиони годишно само за платите на ударниот тандем.