АКО сте се здебелиле неколку килограми за време на пандемија, не сте единствените. Всушност, дури и некои познати личности се најдоа во сличен проблем, вклучувајќи го и Чанинг Тејтум.
Во интервју за The Tonight Show, Тејтум му призна на водителот Џими Фелон дека значително се здебелил за време на пандемијата.
Откако во првите месеци од пандемијата беше затворена филмската и ТВ-продукцијата, Тејтум ја запоставил својата вообичаена диета, што резултираше со дополнителни „убави 5 килограми“. Тој призна дека уживал во прекумерната консумација на пиво првите неколку недели, но наскоро сфатил дека тоа не е баш паметно.
Откако сфатил колку тежина добил, Тејтум решил да се врати во својата рутина за фитнес со помош на еден пријател.
„Почнавме да тренираме секој ден и беше одлично. Од сето тоа излегов како сосема нова личност“, рече актерот.
Но, јасно е дека Тејтум веќе има значително искуство со трансформациите.
Кога се подготвуваше за улога во филмот Magic Mike XXL, тој имаше само 10 недели да го трансформира своето тело. Со цел брзо да го доведе во одлична форма, неговиот тренер Арин Бабајан го принуди да „јаде цел ден“, пренесува Eat This, Not That.
„Сакав Чанинг да јаде на секои два часа за да му ги даде на неговото тело сите неопходни хранливи материи потребни за стимулирање на тренинг, согорување на маснотии и градење мускули“, рече Бабајан.
Бабајан вели дека актерот обично јадел оброци богати со протеини кои се состоеле од јајца, пилешко, мисирка или стек со зеленчук, заедно со смути од зеленчук со „многу малку овошје“.
Покрај тоа, тој мораше поголем дел од денот да го поминува вежбајќи. Утрото го започнувал со долги возења со велосипед, проследени со тренинзи на базен, стомачни, склекови и слични вежби. Подоцна во текот на денот, тие би се фокусирале на вежби со тегови насочени кон еден дел од телото, како што се градите, грбот или нозете, проследени со фитнес тренинг.
„Клучната работа беше да се осигураме дека ниеден треннг не е баш ист“, откри Бабајан.