Метју Меконахи, оскаровецот повторно е во центарот на вниманието – овој пат заедно со сопругата Камила Алвес. Двојката го лансираше својот бренд уште во 2023 година, но дури сега објави реклама која брзо стана вирална и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Брендот носи интересно име – „Pantalones Organic Tequila“ – а во рекламата која ја снимија, Меконахи и Камила беа буквално без панталони, алудирајќи на името на производот. Секако, сè беше внимателно режирано: парот носеше велосипедски шорцеви во боја на кожа, додека делови од снимката беа заматени за да создадат впечаток дека се голи од половината надолу. „Кој е рецептот за одличен состанок?“ – прашува Меконахи во рекламата. Камила со насмевка одговара: „Започнете со текила Pantalones Organic.“
Иако рекламата беше провокативна, публиката ја прифати со воодушевување. Милиони гледачи коментираа, споделуваа и се прашуваа – дали оваа текила навистина е толку добра како што тврдат? Но едно е сигурно: Метју и Камила успеаја во својата намера – да предизвикаат бран реакции и да го насочат вниманието кон својот бренд.
Со доза хумор, малку провокација и многу шарм, „Pantalones Organic Tequila“ веќе е на пат да стане нов хит на пазарот на алкохолни пијалаци.
View this post on Instagram