Тековната година би можела да стане најжешка во историјата

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Тековната година е на пат да стане најжешката во историјата, објави денеска службата за климатски промени на Европската унија Коперник.

Најтоплиот септември на глобално ниво дојде оваа година по летото со рекордно високи температури, објави службата, пренесува „Ројтерс“.

Температурите во септември беа за половина степен повисоки од претходниот најтопол септември досега и речиси еден степен потопли од просекот за септември помеѓу 1991 и 2020 година.

Слични содржини