Тековните и штедните сметки во еврозоната достигнаа 585 милијарди евра

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Минатата година, тековните и штедните сметки во еврозоната достигнаа салдо од 585 милијарди евра, се вели во анализата на „Депозит Солушнс“, една од најбрзорастечките финтек компании во Европа, со седиште во Хамбург.

Обемот на заштеди во еврозоната се зголеми за 48% во споредба со 2019 година, кога изнесуваше 395 милијарди евра, пренесува „Сибиз“.

Од таа сума, дури 150 милијарди евра им припаѓаат на германските штедачи, покажува истражувањето, каде има трајно ниски каматни стапки на банкарските депозити.

Заштедите во Германија пораснале за 37 проценти во однос на претходната година, повеќе отколку во Италија (32 проценти), но помалку отколку во Франција (72 проценти) и Шпанија (38 проценти).

Во Велика Британија, која беше анализирана одделно од еврозоната, заштедите се зголемија за дури 170 проценти.

Од второто тримесечје на 2020 година, протокот на пари на штедни сметки е поголем отколку во претходните години, покажува студијата разгледана од германската новинска агенција ДПА.

Соодветно на тоа, на крајот на 2020 година имало околу 8,3 милијарди евра на штедни сметки во еврозоната.

„Падот на трошоците и неизвесното економско опкружување доведоа до тоа луѓето да имаат најмногу пари на своите сметки досега“, изјави Тим Сиверс, извршен директор на „Депозит Солушнс“.

Феноменот е ист низ цела Европа.

Слични содржини