380
Телата на десетици украински борци кои загинаа во фабриката за челик „Азовстал“ беа вратени во Украина од руските војници, кои ја окупираа фабриката во уништениот град Мариупол, пренесува АП.
Телата, наводно, биле префрлени во главниот град Киев, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти Азовскиот полк, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси три месеци пред да се предаде во мај на руските војници.
Во саботата Украина ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната. Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје.